МЗТ Скопје ја започна финалната серија во македонскиот кошаркарски шампионат со победа на домашен терен со резултат 73-57.
Гостите од Гевгелија екипата на Кожув беа достоен противник само во прво полувреме кое заврши нерешено 34-34.
Екипата од Аеродром ја започна третата четвртина како и многу пати досега со стабилна игра во одбраната и рутинирано завршени напади и на крајот од третиот дел отиде на одмор со 12 кошеви предност. Се чини дека тоа беше доволна предност и во последниот период кој само ја зголемуваа разликата и заслужено победија и поведоа со 1-0 во серијата.
Најзабележителни играчи кај домаќините беа Ноа Далман со 18 поени и Дамјан Стојановски со 16.
Кај гостите само еден играч забележа двоцифрен број поени и тоа Димитар Караџовски со 11.
Следниот натправар се игра во Гевгелија веќе во среда каде Кожув ќе се обиде да израмни на 1-1 во серијата до четири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.