| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден пред 11 години Кометал ЃП ја покори Европа (видео)

 

На денешен ден пред 11 години тимот на Кометал Ѓорче Петров ја освои Европа. Во финалниот реванш натпреварот во салата “Кале”, ракометарките на Кометал го совладаа Херц со 26:22, и со вкупни 51:49 го освоија најелитното клупско ракометно првенство за жени.

 

Во шампионската генерација на Кометал беа Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Наталија Тодоровска, Валентина Радуловиќ, Андријана Будимир, Милева Велкова… кои ќе останат запишани со златни букви во македонската спортска историја.

 

Историскиот подвиг во живо во салата „Кале“ го следеа повеќе од 2.000 љубители на спортот, а на плоштадот Македонија уште 30.000 поддржувачи на Кометал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top