| четврток, 6 декември 2018 |

Постигнат договор: Се очекува евакуација на цивилите од Алепо

Во Сирија е постигнат договор, со што евакуацијата на цивилите од источниот дел на Алепо и жителите на две шиитски села во североисточниот дел на земјата треба да почне во текот на денов, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, и воени медиуми на Хезболах.

Треба да бидат евакуирани околу 4.000 луѓе, меѓу кои има и повредени.

Опозициски активисти ги обвинија борците на движењето Хезболах, кои учествуваат во сирискиот конфликт на страна на владините сили, дека го блокирале главниот пат јужно од Алепо, а со тоа е спречена и евакуацијата на населението од деловите на градот кои се под контрола на бунтовниците.

Евакуацијата од Алепо е суспендирана вчера по извештајот дека на преминот во енклавата дошло до пукање од двете страни

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top