Шведската Влада ги повика локалните власти ширум земјата да ги забрзаат подготовките на плановите за евентуална војна додека се зголемуваат тензиите со Русија, изјави шефот на службата за информирање при Агенцијата за вонредни ситуации, Сванте Вергер.
– Во врска со тоа локалните власти добија известување ова недела, истакна Вергер.
Руското анексирање на Крим и судирот во источниот дел на Украина ја загрижуваат Шведска и нејзините соседи, а шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист минатиот месец изјави дека ситуацијата и понатаму се влошува.
– Планирањето за закана од војна во пракса, во голема мера, недостасува уште од 2000 година. Состојбата сега е поинаква и одредбите ќе бидат построги, нагласи Вергер.
Подготовките ќе вклучуваат учество на локалните претставници во вежбите на војската, обезбедување на доверливи комуникации и проверка на засолништата.
Шведска, која не е членка на НАТО, постојано работи на зајакнување на своите вооружени сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.