Православните христијани утре ја празнуваат Св. Вмч. Варвара. Таа била славна Христова следбеничка, ќерка на Диоскор, влијателен и богат човек од градот Илиопол Мисирски. Таа била ќерка единица на нејзиниот татко, кој ја затворил во кула, ѝ ги дал сите удобности, слугинки, ѝ дал идоли да им се моли и ѝ изградил бања со два прозорци, за да може да гледа во ѕвезденото небо и во земјата.
Гледајќи низ прозорецот, на Варвара ѝ се отворил умот кон Божествената благодат и веднаш го препознала единствениот Господ Бог и Создавател, иако немала никој да ја учи за тоа. Кога нејзиниот татко заминал од градот, таа излегла од кулата и се сретнала со некои христијанки кои и ја јавиле вистината за Христовата вера. Таа наредила да се направи уште еден прозорец на нејзината кула како симбол за Светотот тројство. Таа нацртала крст во една карпа со прст, но тој се врежал како вдлабнат со железо. Од нејзините стапала извирала вода која им помагала на болните да се исцелат. Меѓутоа, кога за тоа дознал нејзиниот татко Диоскор, многу се налутил и ја протерал од кулата и сакал да ја убие. Но карпа се отворила и ја сокрила Варвара од суровиот татко. Таа сепак решила да се врати кај нејзиниот татко, кој пак ја предал на локалниот началник Мартијан за да ја мачат. Таа била мачена додека целото тело не ѝ било прекриено со рани и крв. Но нејзината вера во Бог ја спаси во затворот кога и се јави со анѓели исцелители кои ја излечија. Во болката и се придружила Јулијана, па потоа заедно и двете биле водени со потсмев низ градот.
Двете девојки биле казнети сурово, така што биле погубени, а самиот татко ја убил својата ќерка Варвара. Истиот ден удрил гром во куќата на Диоскор убивајќи ги и него и началникот Мартијан. Таа се упокоила во 306-тата година, а нејзините мошти денес почиваат во Киев, Украина.
Во нашите краеви сочуван е обичај, кој веројатно го имаат донесено на овие простори Словените, на овој ден да се готви вариво од житарки, но истите се јадат наредниот ден. Исто така, се сади и жито во плиток сад или чинија, кое ќе зазелени до Божиќ. Обичајот е зачуван и кај римокатолиците, кои во вода ставаат гранче од цреша или вишна, кое процветува за Божиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати