| четврток, 6 декември 2018 |

Новинар направи „конзерва“ од Ламборгини вредно 416.000 евра

Ламборгини вредно 416.000 евра кое туку што беше извадено од фабрика заврши на отпад по само едно возење. За сето ова е заслужен кинески новинар кој имал можност да го испроба „ѕверот“ на пробно возење по автопат во близина на градот Хангџу.

Новата варијанта на италијанскиот супер автомобил кој беше претставен на минатогодишниот саем во Париз за момент се претвори во брзвредна лименка, откако претставникот на седмата сила изгубил контрола и завршил во банкината крај патот. Возачот минал без повреди, а поради неисплатливоста за поправка на Галардот, возилото ќе биде расклопено и продадено на делови.

Еве што остана од супер автомобилот по тест возењето:

lamborghini-journalist-china-crash-13-640x435 - Copy lamborghini-journalist-china-crash-2a[3]

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top