На вонредна седница на ИО и ЦО на СДСМ на поранешна Бихаќка, лидерот на СДСМ во затворено друштво ги соопшти причините зошто не поднесува оставка. Имаше мака и притисок од членовите, особено од бранковистите затоа што оставката Зоран Заев ја понуди безусловно на денот на гласањето. Тој ден, „ничим изазваним“ и без новинарско прашање, челникот сам си кажа:
– Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат, тогаш ми завршува политичката кариера, но не размислувам на оваа варијанта, зошто зрела е Македонија, животот се враќа и убеден сум дека победуваме.
За негова голема жал, резултатите покажаа дека тој треба да поднесе оставка. Затоа, тој мораше на своите да им го објасни својот оптимизам и триумфализам.
Притиснат од ветеното, Заев мешајќи струмички – како секогаш кога е изваден од кожа и вознемирен, излезе на вонредната и изнудена средба и луто, исто како на митинзите во текот на кампањата, се развика во салата:
– Ас не сам криФ! Не поднесувам оставка оти ме излажаха. Чад’ро е криФ! Излажаа ме оти ќе сам победил! Ветија ми 100 илади гласове, а обезбедија сичко 70 илади Албански гласове, не е фер, не сам криФ ја! Протестирувам!
– Башка и не и признавам резултатите, оти ми ветиха дека ќе најдеме некоја зафрканција за да го симнеме ВМРО-ДПМНЕ! Вака не бива! Ја требеше да пубедам, и точка!
И додека Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ го смируваа својот идол милно галејќи го по главата, Муки со малиот пенис со насмевка му покажуваше со прстот кон парафот на потпишаниот договор за двојазичност и федерализација, истиот параф со кој тој на терен му донесе многу гласови, „орајќи“ заедно со чадорот по албанските средини.
Тогаш, од толпата соблазнети комуњари кои го смируваа Заев и го тешеа дека ова било рамно на победа, се испрчи и издвои Рада. Конечно дочекувајќи шанса за да го преземе толку посакуваниот трон, таа со пискав тон, истиот тој со кој стално го кара својот кираџија, т.е. сопствениот сопруг Бобо, Шеќеринска остро му свика на Заев:
– Кажа дека ќе дадеш оставка и точка! Што си рекол, мора да се исполни! Не е прашање дали ќе ја дадеш, туку кога – попладнево или вечерва! Некои прашања не заслужуваат одговор!!!
Настана молк во салата. Се чу и мувата која леташе, импортирана преку пазувите на еден челник од една арачиновска штала. Заев подголтна, се вцрве, ама пред тој д’ткајќи да замуца и земе збор, во последен момент го спаси „непартискиот“ член, граѓанинот Стево Пендаровски. Откако Албанците му помогнаа да си ја покаже маичката со Супермен, Стево стана главна ударна каписла и поддржувач на Заев и Муки, можеби и поради идентичната големина.
– Не е точно! Рада, остав! Возвишениот ни лидер рече: ’Ако не славам вечерва, ќе поднесам оставка!’ Нели, ви текнуе, аахаааа!“
Сите се зачудија од кажаното, но радоста се врати на лицето на Заев, кој се озари, му падна камен од грбот, заплака од радост и така целиот распекмезен свика:
– Така ле е Стево, ехеееее, спаси го спаситело свој! Дааааа! Ја вечерта славех пред влада, текнува ле ви! Шо оти не сам победил, па ја својто шо го ветих го исполних! Ехеееее, славех ле, ајде кажувајте де, славех ле?
Сите немо заклимаа со главите, Рада нервозно се повлече и му вртеше на Милчин за да и каже што да прави, а Заев тримфално замина да „отспие“, збор кој стана синоним за мување на изборните резултати и местенки во процесот. Во социјалдемократскиот речник овој синоним го наметна Чичаковски, кој спиеше дената кога требаше да ги прогласи резултатите и задоцни цели 2,5 часа од крајниот рок.
Токму на „поспивање“ односно средба со него и со Бејли, замина и Заев. Работата беше т’нка. Над лидерот висеа два судски процеси, а над Бејли висеше доаѓањето на Трамп. Само на Муки не му „висеше“ ништо, оти и немаше што да му виси…
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст