Српската кошаркарска легенда и актуелен претседател на КК Партизан Предраг Даниловиќ кој беше прободен со нож во стомакот од непознат напаѓач им се заканувал на лекарите од брза помош дека ќе ги убие, и сам отишол во болница, каде едвај му го спасиле животот затоа што многу искрварил.
– Немој да сте ме допреле. Одам до автомобилот по пиштолот. Ќе се вратам и ќе пукам во сите вас, им се заканил на лекарите од Итната помош која дошла да му помогне.
Лекарите биле во шок од тоа што ги затекнало.
– Беше многу непријатно. Дојдоа да го прегледаат, а тој ги нападна како да дошле да го убијат. Се гледаше и дека екипата на Итната помош е во шок, раскажува очевидец.
По низата навреди и закани, екс кошаркарот и Ју репрезентативец седнал во неговиот автомобил и сам отишол до ургентниот центар. Додека стигнал до таму, толку искрварил што лекарите се чуделе што воопшто преживеал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


