По повод претстојните божикни и новогодишни празници, Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „СПОНА“, со помош на своите пријатели, спортисти и луѓето со добра волја, повторно организира акција за собирање средства за купување пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства.
Хуманитарната забава под назив „Подари радост“ е закажана за сабота, 17 декември 2016 година, во просториите на МКЦ од 21 часот.
Во информацијата од СПОНА се вели: „Со оваа акција сакаме бар на момент да ги усреќиме децата на кои помошта им е навистина потреба. Ги повикуваме сите наши пријатели и компании да помогнат и да донираат во согласност со своите можности затоа што детската насмевка нема цена. Собраните средства ќе бидат исклучиво искористени за купување подароци. За оваа забава нема да има влезници, потребна е само добра волја, затоа дојдете да се дружиме и донирајте! „Подари радост“ – Среќата е поголема кога се дели! Ве очекуваме!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст