| четврток, 6 декември 2018 |

Прекината евакуацијата од Алепо

alepo

Eвакуацијата на цивили од источно Алепо е прекината, јави ДПА, повикувајќи се на извори од хуманитарни организации во момент кога се слушнале експлозии. Сирискиот центар за човекови права соопшти дека е прекината евакуаицјата без да даде детали. Сириски извори тврдат дека евакуацијата е прекината откако бунтовниците не почитувале делови од договорот и оти пукале врз автобусите што го напуштале Алепо. Прекинувањето на операцијата се случува во момент на експлозии во областа од каде што се евакуриаат цивилите и бунтовници. Повеќе од 8.000 цивили и бунтовници се евакуирани од источно Алепо во изминатите 24 часа, јавија сириски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top