
Според информациите кои денес ги пренесе англиски „Скај спортс“, кинескиот клуб Хебеи Кина Фортун ќе му понуди 500 милиони евра на Лионел Меси за договор од пет сезони. Азискиот клуб, кој е предводен од Мануел Пелегрини, ја игра само првата сезона во елитната кинеска фудбалска Суперлига.
Во екипата веќе игра Езекиел Лавеци, кој го напушти ПСЖ за моментално да заработува двојно повеќе од својот соиграч од аргентинската репрезентација. Барселона денес постигна договор со Луис Суарез за нови пет години, а сака што побрзо истото да го постигне и со својот најдобар фудбалер за да спречи какви било шпекулации и понуди.
Понудата на Барса за Меси ќе биде неверојатни 35 милиони евра по сезона, што ќе го направи Аргентинецот убедливо најплатениот фудбалер во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


