| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК мрдна од мртвата точка – одбиен приговор на СДСМ за ИМ 2024 Теарце

dik-izbiracki-materijal

Приговорот на СДСМ за избирачкото место 2024 во селото Теарце во ИЕ 6 е едногласно одбиен откако ДИК потроши драгоцено време во препукување, лични навреди и дисквалификации и изживување врз гласачкото тело, и изврши увид во гласачката кутија. Беше констатирано дека состојбата е идентична со онаа која е заведена во записникот 16, односно СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија освоиле 48 гласа, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 64 гласа, ДПА 35 гласа, Алијанса за Албанците 19, Беса 48 гласа.

За избирачкото место 2.016 сите членови на ДИК изгласаа дека треба да бидат повикани членовите на избирачките одбори и да дадат изјава, односно треба да го проверат и потврдат оригиналниот записник, бидејќи вкупниот број на запишани гласачи се 843, а при сумирање на гласачките ливчиња бројот е 842.

Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на СДСМ за избирачките места 2.010 и 2.025 кои исто така се во шестата изборна единица во општина Теарце. СДСМ до ДИК достави осум приговори за текот на гласањето на предвремените парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top