Она што претседателот на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу го најави минатата недела, Барселона го официјализира во четвртокот. Луис Суарез потпиша нов петгодишен договор, со откупна клаузула од 200 милиони евра.
Уругваецот за сума од 83 милиони евра пред две години на „Ноу Камп“ пристигна од Ливерпул, а за Блауграна има постигнато 97 голови на 116 одиграни натпревари.
Суарез е поранешен играч на Насионал од Монтевидео, Гронинген, Ајакс и Ливерпул.
Барселона оваа есен ги продолжи договорите со двајца од тројцата клучни играчи во тимот, пред Суарез тоа го направи Нејмар. На „Ноу Камп“ сега работат на продолжување на договорот со Лионел Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


