Црвената боја никогаш не излегува од мода! Тоа е боја на страста и љубовта која секогаш е присутна во колекциите на дизајнерите, а во декември е во модниот фокус. Во што е тајната? Таа делува раскошно и одлично им прилега на сите жени: на русокосите и црнките, бринетите и црвенокосите! Да добро прочитавте, и на црвенокосите им прилега црвената боја ако е одбрана вистинската нијанса. И црвената, како и секоја друга боја има дури 50 нијанси. Инспирација за примери и изгледи за оваа кралска боја најдовме во актуелната колекција на Reserved!
Најсветлата е портокалово – црвената која доаѓа од портокаловиот спектар, а најтемната е виолетово црвената која има син тон и повеќе се смета за виолетова отколку за црвена. Помеѓу овие две бои се наоѓа целата палета на црвени тонови кои се идеални за комбинирање со студените бои(сина, виолетова и зелена)сива, црна и бела и останатите топли бои( пример портокаловата).
Кој ефект го постигнуваме со комбинирањето?
Црвената комбинирана со црната делува драматично, што е идеално за вечерни излегувања и свечени прилики. Белата и сивата и даваат доза на ведрина, а самата со нив делува елегантно. Темно сината, бела и црвена – овој морнарски стил е стил кој опстојува со години и на модните писти и на улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.