| четврток, 6 декември 2018 |

Членовите на ИО од Гостивар на распит во ДИК (Фото)

Членовите на избирачки одбор на гласачко место 0396/1 во Гостивар беа повикани во ДИК по приговорот на движењето Беса дека гласач бил оневозможен да гласа поради тоа што во списокот веќе имало потпис дека гласал, кои одговорија дека потписот се совпаѓа со нејзиниот во документите за идентификација.

dik-gostivar-1

– Јас во својство на претседател на ИО 0396/1 се договоривме во смени да работиме со заменик претседателот. Од 13:00 часот јас почнав да работам како претседател на ИО и значи накај 14:30 дојде жена со сопруг да гласа. Прво се легитимираше и потоа во списокот се провери. Кога членот со списокот виде дека на колона каде е со слика и податоци веќе има потпис во тој момент почна да се реагира. Членот им кажа дека е потпишана и гласала, а таа потоа или сопругот тврдеше дека не гласале. Припадникот набљудувач на Беса тврдеше дека биле соседи и не гласала таа, по што инсистираше да се прекине процесот. Му кажав дека тој нема право да одлучи дали ке се прекине како набљудувач туку дека има право до ОИК да забележи. Ние видовме сите што е работата. Мислевме првин да не е некоја грешка, но потписот беше ист како на лична карта и на ливчето и на хартија жената се потпиша и потписот беше ист и заклучивме дека била и гласала. Ние втора смена не знаевме дали била или не. Со тоа не и дозволивме да гласа по втор пат, за да не го прекршиме законот. Заклучивме дека е обид за гласање по втор пат. Беше проверена со УВ ламба и заклучивме дека има знаци дека гласала исто како и кај другите членови кои гласале, рече претседателот на изборачкиот одбор.

Во ДИК се појави и жената која треба да биде утврдено дали имала намера по втор пат да гласа или некој друг го искористил нејзиното право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top