| четврток, 6 декември 2018 |

На келнерката и оставил 50.000 долари и автомобил-Еве зошто

Осумдесет и деветгодишниот воен ветеран редовно го посетувал ресторанот Лубис во Тексас, но никогаш не бил гостин за пример. Него седум години го услужувала Мелина Салазар.

Иако знаел да биде груб и навредлив, таа секогаш му пристапувала со насмевка, бидејќи сметала дека не станува збор само за напорен, туку и осамен човек.

Меѓутоа, еден ден Мелина забележала дека дедото веќе не доаѓа, а малку потоа ја видела и неговата посмртница. Неколку месеци подоцна во посета и дошол неговиот адвокат и и соопштил дека нерасположениот дедо и оставил 50.000 долари и автомобил во знак на благодарност што спрема него секогаш била фина и љубезна.

Иако сето ова се случило уште во 2007 година, Мелина и ден денес тоа го прераскажува, бидејќи за неа тоа бил шок кој ја натерал на солзи. Таа најчесто се сеќава на него пред божиќните и новогодишните празници.

„Секогаш имајте насмевка на лицето, дури и за оние кои не ве смеат. Никогаш не знаете колку вашиот позитивен став може да влијае на нечиј живот, колку може тоа да биде важно“ – изјави Мелина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top