Вчера во 13.00 часот во полициската станица во Гази Баба, С.А. (25) од Куманово пријавил дека утрото околу 9.10 часот, додека возел автомобил „сеат кордоба“ со кумановски регистарски ознаки, заедно со неговиот татко , патот му го попречило возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки.
Од возилото излегле пет непознати лица, кои дошле до неговото возило и почнале да го удират со клоци, при што ја оштетиле предната лева врата. Потоа ја отвориле истата врата и почнале да го удират со тупаници и клоци, по што го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.