Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Плима“ од латвиската писателка Инга Абеле.
Книгата е добитник на наградата на Балтичката асамблеја. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска. Преводот на книгата е поддржан од Латвиското друштво на писатели.
„Плима“ е психолошка драма за Иева, нејзиниот љубовник, интровертниот сопруг и за начинот на кој нивните младешки одлуки драматично влијаеле врз остатокот од нивните животи. Освен овие ликови, читателот се запознава и со мајката на Иева, нејзината ќерка, а површно и со нејзиниот брат Павилс и неговото семејство. Сите тие играат улога, колку и да е таа мала, врз развојот на психата на Иева и патот што таа го следи.
Освен на наградата на Балтичката асамблеја, Инга Абеле е добитничка и на многу други книжевни награди, а за неа критиката вели дека „има ретка способност да го открие оној егзистенцијален амбис под површината на секојдневното живеење“.
Инга Абеле е родена во 1972 година. Таа е една од најпопуларните и најнеконвенционалните латвиски писателки. Пишува романи, поезија, драми и раскази. Ја опишуваат како еден од најважните латвиски писатели поради уникатниот стил и актуелните теми. Нејзините книги се преведени на неколку европски јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст