| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Мајер брутално ја навреди поранешната девојка Тејлор Свифт

Џон Мајер, познатото лошо момче од музичката сцена, беше во љубовни врски со многу познати убавици како Џенифер Анистон и Кејти Пери, но и Тејлор Свифт, која подоцна му посвети дури и неколку песни.

Од нив секако најпозната е „Dear John“ со која таа му го упати следното прашање: „Зар не мислиш дека бев премногу млада за така да си играш со мене? Девојката во фустан плачеше цел пат до дома…“.

Но, нивното јавно расправање не заврши ни шест години по раскинивањето на врската, која траеше од декември 2009 до јануари 2010 година. Додека познатата пејачка го славеше својот 27. роденден, Џон на „Твитер“ ја нарече „најбедното нешто во годината“, во пост што подоцна беше избришан.

3b5e30b500000578-4032142-image-a-2_1481733356787

Истовремено, голем број славни пријателки на познатата пејачка ја искористија можност дополнително да ѝ го разубават денот и ѝ посакаа убави желби на социјалните мрежи.

Но, никој од нив не се огласи во врска со пишувањето на Џон, веројатно сметајќи дека понекогаш најдобро е некои работи да се игнорираат, затоа што, едноставно, не се вредни за коментирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top