Делегацијата на Европската Унија во Македонија синоќа ја додели годинaшната награда „Жан Моне“ во категоријата најдобар новинарски текст, најдобра професионална и најдобра аматерска фотографија. Наградата за најдобар новинарски текст постхумно му беше доделена на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“. Наградата за најдобра професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски. Годинaшниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“. Наградите „Жан Моне“ ги додели евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.
Наградата „Жан Моне“ Делегацијата на Европската унија годинава ја додели по 14. пат, а се однесува на најдобрите достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ. Оваа година, на конкурсот беа примени 58 пријави, од кои 14 за најдобра репортерска фотографија, 7 за најдобар новинарски текст и 37 за најдобра аматерска фотографија. Статуетките за наградата годинава ги изработи Елена Стефановска, студент од трета година на Факултетот за ликовни уметности, Вајарски оддел. Во изминатите 13 години, повеќе од 400 новинари се натпреварувале за наградата, а меѓу добитниците на наградата „Жан Моне“ има познати новинари, фоторепортери, како и млади автори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст