| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна драма во Србија – ја застрелал во глава неговата 21 годишна девојка

Александар Џурџевиќ од Србија синоќа после полноќ со истрел од пиштол ја погодил во глава и тешко ја ранил неговата 21 годишна девојка, Милица Војводиќ.

Девојката веднаш била превезена во Ургентниот центар каде лекарите цела вечер се бореле за нејзиниот живот, но таа сеуште е во критична состојба.

Нападот се случил на булеварот „Крал Александар“ пред бројот 516, а непосредно по пукањето, полицајците од Ѕвездара, припадниците на Сообраќајната полиција и инспекторите го уапсиле Џурџевиќ под сомнение дека се обидел да ја убие девојката со која бил во емотивна врска.

Полицијата го објавила увидот и го пронашла пиштолот од кој е пукано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top