Да не полнеа купените команданти од ДУИ, да не полнеа капо ди тути капи од Грчец и Арачиново, да не ги плаќаа ромските и албанските гласови преку радикалните оџи и имами, ќе беше штама на Фејсбук, пишува на Фејсбук новинарот Васко Ефтов во контекст на сите тврдења и оперативни сознанија за изборни нерегуларности во изборните единици во кои доминантно е албанското и ромското гласачко тело.
Веќе објавивме дека давање на пари за купување на гласови на граѓаните од ромска етничка заедница во кумановското Ромско маало било повод за предистражна постапка која ја покренало Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ.
Исто така, постојат сознанија дека огромниот број албански гласови кои завршиле на контото на СДСМ, изразено во мандати 7-8 пратеници, се резултат на прекршување на изборниот процес, односно по 18 часот се вршело дополнување на кутиите со албански ливчиња.
На предвремените парламентарни избори во Македонија за СДСМ гласале преку 70.000 Албанци, Роми, Торбеши и Турци, покажуваат податоците на ДИК, а потврдија и од Алијанската на Албанците и од СДСМ. Ова пак, од друга страна би значело дека за опозицијата гласале нешто повеќе од 360.000 македонски граѓани, или 90.000 помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ефтов: Прво некој во 2015 ви остава бомби пред вратата, потоа ви остава договор за Северна Македонија
-
Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?
-
Ефтов: Вчера вечер Христијан Мицкоски го прегази Зоран Заев!
-
Васко Ефтов до „шарените првоборци“: Од неделата наваму секое непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста!