| четврток, 6 декември 2018 |

Голема полициска акција во Призрен, запленети 31 килограм дрога

Косовската полиција соопшти дека во Призрен запленила скоро 31 килограм дрога и уапсила едно лице осомничено за поседување, дистрибуција и продавање на дрога.
Од Косовската полиција соопштија дека запленети се 30,9 килограми дрога и поради тоа од слобода е лише косовскиот Албанец Е.Р.(24). Одреден му е притвор во траење од 48 часа.
Со претресот во неговата куќа, по одлуката на судот во Призрен, запленети се и една пушка, 31 куршум, два мобилни телефони. Осомничениот претходно пробувал да избега со својот автомобил, кој исто така го одземала полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top