Викендов во еден гевгелиски хотел се одржа изложба на слики од сестрата на поп пејачката Елена Ристеска, Драгица која пред присутните ги претстави своите апстрактни дела врамени под насловот „Сенки“.
На овој значаен ден, Драгица ја доби целосната поддршка од најблиските кои застанаа до неа со гордост, а покрај сестра си Елена и мајка им Деса, на изложбата се најде и братучетката Ивана.
Фотографиите со најдрагите Елена ги објави на својот Фејсбук, а од приложеното и тоа како е очигледно дека нашата позната пејачка и нејзината братучеда многу личат една на друга.
„Како близначки“, „Исти“, „Ве познав“, гласат дел од коментарите за фотграфијата преку која Елена ја покажа својата роднина чија пресликана убавина докажува дека крвта навистина не е вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.