Полицијата во јужна Индија уапсила 12 лица, бидејќи не стоеле за време на интонирањето на химната на Меѓународен филмски фестивал. Инспекторот на полицијата на главниот град на државата Керал Анил Кумар изјави дека 12 лица биле уапсени во два посебни инциденти во Тируванантапурам. Тие биле уапсени во понеделникот, а биле пуштени со кауција.
Апсењето се случило откако Врховниот суд на Индија минатиот месец донел одлука дека химната мора да биде интонирана пред секоја филмска проекција во земјата и дека притоа публиката мора да е на нозе. Судот соопштил дека целта на оваа одлука е потикнување на чувството на патриотизам.
Во неделата десничарските активисти претепале осум лица бидејќи не стоеле за време на изведувањето на националната химна во кино во градот Ченај на југот од земјата, наведе полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Казна и до 2.000 евра за тие кои нема да стојат при интонирање на химната
-
Ова е химната за Светското првенство во Русија (видео)
-
Додека ВМРО-ДПМНЕ ја пееше македонската химна во Собранието, коалиционите партнери на СДСМ, ДУИ, Села и Беса седеа (видео)
-
„Си-Ен-Ен“: САД се подготвуваат за формално обвинување и апсење на Џулијан Асанж