Александар Мандиќ е син на Миленко Мандиќ, кој со Аркан е убиен на 15 јануари 2000 година. Синот на жестокото момче денеска е оженет со водителка.
Спортскиот менаџер Александар Мандиќ пред пет години го освои срцето на српската водителка Марина Котевски. Марина и Мандиќ во мај оваа година ја официјализираа врската и го изговорија судбоносното Да.
Помладиот Мандиќ после смртта на својот татко наследил големо богатство, но само за пет години останал без ништо. Така Александар на седум години возел автомобил, носел пејџер и брендирана облека. Наследил многу недвижнини, а богатството се проценувало на 4 милиони марки. Меѓутоа Мандиќ за пет години потрошил се, бидејќи улицата го земала под свое.
Тој денеска е во среќен брак со Марина Котевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.