| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисот на Трамп ќе го водат неговите синови

tramp

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговите двајца синови ќе го водат бизнисот на компанијата, додека тој е во Белата куќа како претседател на САД.

Трамп е под силен притисок во американската јавност да се откаже од својот разгранет бизнис или дури да ја продаде својата компанија, со цел како шеф на државата не се најде во ситуација на судир на интереси.

Тој требаше да одржи прес-конференција, што ќе беше првата по победата на изборите од 8 ноември, околу ова прашање, но во последен момент ја одложи за како што се вели почетокот на јануари.

Наместо тоа, на својата страница на Твитер, Трамп објави дека неговите деца Дон и Ерик ќе управуваат со „Трамп Компани“ во негово име.

Тој соопшти дека додека е во Белата куќа, нема да бидат правени никакви нови зделки.

Холдинг компанијата на Трамп има разгранети бизниси во хотелиерството, во бизнисот со терени за голф и во бизнис лиценцирањето, по што тој е многу повеќе познат во светот, отколку во политиката.

Засега нема соопштение за тоа каква улога ќе има неговата ќерка Иванка, ниту дали и таа ќе им се приклучи на синовите во управувањето со бизнисот.

Неспоменувањето на ќерката на Трамп, ги засили гласините во американските медиуми за тоа дека таа има повисоки амбиции и сака да биде дел од новата администрација на нејзниниот татко.

Портпаролот на Трамп, Шон Спајсер објасни дека предвидената прес-конференција била откажана со цел новоизбраниот претседател „целсоно да се посвети на компелтирањето на администрацијата“.

Соопштението на Трамп за управувањето со неговиот бизнис, доаѓа непосредно по изјавите на двајцата угледни републиканци, претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан и на лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, за потребата од покренување специјална истарга, околу руското хакирање во изборниот процес на САД, што е спротивно од позицијата на Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top