Наскоро пред стадинот на АИК во Стокхолм ќе биде поставена 2,7 метри висока статуа посветена на најдобриот фудбалер во историјата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ. Напаѓачот го посетил ателјето и се фотографирал со статуата, која е во фаза на финализација.
– Во Њујорк ја имаат Статуата на Слободата, а во Шведска ќе имаме Статуа на Златан – напишал фудбалерот на Манчестер Јунајтед на својот профил на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.