| четврток, 6 декември 2018 |

Челси ќе се опари, Кинезите за Оскар плаќаат 62 милиони евра

oskar

Кинескиот клуб Шангај ќе го сруши трансфер рекордот во оваа земја и ќе го донесе Оскар од Челзи за 62 милиони евра. Пред четири години лондонскиот клуб за доаѓањето на Бразилецот на „Стенфорд Бриџ“ плати 23 милиони евра.

Шангај, чиј тренер е Португалецот Андре Вилјаш-Боаш инсистира на доведување на Оскар, кој за шест милиони евра треба да биде поскап од сумата која овој клуб му ја плати на Зенит за трансферот на Хулк.

На далечниот исток во кинеската лига настапуваат и Лавеци, Грацијано Пеле, Џексон Мартинез, Гуарин и уште многу другу ѕвезди на светскиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top