| четврток, 6 декември 2018 |

„Мала“ грешка: Чешки туристи наместо во Ница, завршиле во Ниш

sud1-620x350

Наместо на ривиерата во Ница, Франција, четворица млади државјани на Чешка завршиле во Ниш. За ова била виновна организаторката на нивниот туристички аранжман која била збунета од  новата авионска линија Братислава – Ниш. Поради сличните имиња на градовите, таа резервирала погрешни авионски карти.

– Два пара од Чешка наместо сонцето во Ница ги дочекало облачното небо во Ниш, а тие во тотално бунило ги прашувале вработените во авио компанијата дали се во Франција, пишува чешкиот портал Топки.

Тие во Србија сепак останале неколку дена, за да ја искористат приликата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top