
Од почетокот на сириската војна во март 2011 година досега се убиени повеќе од 312.000 лица, меѓу кои и над 90.000 цивили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. Опсерваторијата со седиште во Велика Британија досега регистрирала 312.001 убиство, меѓу кои и 16.000 деца, откако започнала војната со антивладини протести. Меѓу убиените лица се регистирани 53.000 бунтовници и скоро 110.000 прорежимски борци, меѓу кои повеќе од 60.000 сириски војници, но исто така и десетици илјади припадници на сириската милиција, членови на либанското шиитско движење Хезболах и други странски борци.
Во соопштението е наведено дека речиси 55.000 џихадисти исто така се убиени при борбите, од кои повеќето од радикалната група ИД и некогашниот огранок на Ал Каеда, фронтот Фатех алШам, како и од помалите групи. Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека регистирала и убиства на 3.683 лица за кои не била во состојба да ги идентификува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


