| четврток, 6 декември 2018 |

Во МСУ изложба на креациите на француски дизајнери

Францускиот институт во Скопје го организира претстојниот настан „Франција, земја на дизајнот“.

В петок, 16 декември 2016, во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, ве покануваме на  отворањето на изложбата „Маси како уметнички слики: уметност, дизајн и традиционални творби“, која ги прикажува креациите на француските дизајнери што работат за елитни призводители на кујнски прибор.

Ќе бидат претставени дела од познати и потврдени, но и од млади француски дизајнери на современ кујнски прибор и прибор од кристал. Оваа изложба, која беше поставенa во повеќе земји низ светот и беше високо посетена, се реализира во соработка со Музејот на современата уметност во Скопје.

На отворањето ќе присустува Антони Лебосе, реномиран француски дизајнер, директор на студиото 5.5 во Париз и почесен гостин на настанот.
Пред отворањето на изложбата, Лебосе во 19 часот, во просториите на МСУ, ќе одржи предавање на тема „Францускиот дизајн низ примерот на познато дизајнерско студио“.
Влезот на предавањето е отворен.

Истиот ден, во 15 часот, во центарот за дизјан и иновации „Јавна соба“, ќе се одржи и средба помеѓу Лебосе и македонските дизајнери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top