Првото македонско виски ќе се произведува во Дојран и во Скопје, најавува за порталот „Иновативност“ Пане Темов.
Во моментов во тек е изградбата на дестилеријата во Дојран, на самата граница со Грција. Идејата е повторно донесена од искуствата на западноевропските метрополи, каде што мали дестилерии има на секој чекор.
Инвестицијата е на семејството Темови, а за набавката на опремата се очекува и помош од ИПАРД. Првите количини македонско виски ќе бидат произведени во Скопје, но веднаш ќе заминат во дестилеријата, каде што ќе се складираат во дабови буриња.
„Вискито мора да стои најмалку три години, за да биде вистинско виски. Ние ќе продаваме и помладо, но ќе има и виски што ќе биде старо и повеќе од пет години. Подготвени сме за нови предизвици во кои ќе уживаме заедно со нашите потрошувачи“, нагласува Темов.
извор скопје инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.