| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерот на Нино Решиќ: Сандра собира поени и бесрамно лаже

Поранешниот менаџер и голем пријател на Нино Решиќ, Нермин Адемовиќ, еден од ретките кој до последните денови од животот беше со популарниот пејач.Револтирано удри по ќерката на познатиот српски пејач.

-Повеќе не можев да ги слушам лагите на Сандра Решиќ. Таа собира поени фалејќи се како била до последен момент со Нино Решиќ, а тоа е бесрамна лага. Таа тврди дека знае во какви маки нејзиниот татко починал, јас не знам врз основа на што го тврди тоа кога таа не беше со него кога тој почина. Целата оваа несреќна ситуација се одигра во неколку дена, сведочи некогашниот менаџер на популарниот пејач.

Нино зад себе остави три ќерки од три бракови, вклучувајќи ја и Сандра. Иако таа денес гордо вели дека е неговата ќерка, се зборува дека Нино не е нејзиниот биолошки татко. Всушност, голема врева се крена околу дневникот кој го водел Нино кој ги содржи сите детали од неговиот живот, и се шпекулира дека тој дневник крие голема тајна која никој не ја знае.

Да потсетиме, Нино Решиќ е роден на 22 јануари 1964 година во Босанска Дубица, сними 15 албуми. Нино почина во октомври 2007 година. Пејачот беше човек кој палеше и жареше на фолк естрадата во 90-тите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top