Според едно истражување, половина од светската популација е домаќин на новооткриениот вирус наречен crAssphage. Вирусот цели на една од најчестите желудочни бактерии која се поврзува со дебелината, дијабетесот и други желудочни болести.
Професорот по биоинформатика Роберт А. Едвардс и неговите соработници ги користеле резултатите од претходните истражувања за желудочни вируси за да истражат нови евентуални вируси. Прегледале примерероци од фекалии од 12 поединци и во секој примерок пронашле иста вирусна ДНК која не одговарала со ниту еден познат вирус. Потоа го побарале пронајдениот вирус во базата на податоци ХМП (Human Microbiome Project).
За да докажат дека вирусната ДНК пронајдена во базата на податоци постои и во природата, вирологот Џон Мокили користел техника за размножување на ДНК. Техниката потврдила постоење на нов вирус во половината од примероците. Едвардс вели дека не е необично да се пронајде нов вирус, туку да се пронајде во толку многу примероци.
Големата распространетост укажува и на староста на вирусот. Според Едвардс, вирусот би можел да биде стар колку и луѓето, а го пронашле во секоја популација во која го побарале. Името на вирусот доаѓа од компјутерскиот програм со кој го откриле (crass (cross-assembly)). Некои од протеините во новиот вирус слични се со оние од добро познатите вируси, што овозможило на неговите откривачи да го сместат во бактериофаги, вируси кои се размножуваат внатре во бактериите.
Следниот чекор во истражувањето ќе биде улогата на вирусот crAssphage во врска со наведените бактерии и дебелината која исто така не е истражена. Уште не е познато како се пренесува овој вирус. Не е пронајден во примероци од столицата на новороденчиња, што значи дека веројатно не се пренесува од мајка на дете.
Изолацијата засега е безуспешна, а научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе за дебелината, желудечните болести и дијабетесот. Во иднина се надеваат и на лек базиран на овој вирус, и тоа за секого поединечно, односно изолираниот вирус би се користел за лекување лицето од кого е изолиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.