| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот e навистина лековит

Ризикот од смрт е дури за 50 отсто помал кај мажите, кои неделно доживуваат барем два оргазма. Редовниот секс ја смалува опасноста од добивање мозочен удар, а го спречува и развојот на кардио-васкуларните болести, покажаа резултатите од ова истражување.

Активноста во креветот, исто така, е еден од најефикасните еликсири на младоста. Двојките кои имаат секс четири пати во неделата изгледаат седум години помлади од двојките кои не го практикуваат толку често, покажа студијата од болницата Ројал Единбург.

Психологот Дејвид Викс објаснува дека за време на сексот се активира хормонот на раст, кој освен тоа што ги уништува слободните радикали, ги заштитува кожата и мускулите и дури влијае негативно на појавувањето на брчките.

Редовниот секс го убива стресот и гарантира квалитетен сон, а добро влијае и во борбата против ракот.

-Честата ејакулација го смалува создавањето канцерогени клетки во простатата, а истражувањата покажаа дека мажите, кои во 20-ите години ејакулирале седум пати неделно, се изложени на помал ризик од рак на простатата во подоцнешната возраст – изјавил професорот кој го раководел истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top