Бројот на туристи во октомври годинава изнесува 69.412, а на ноќевањата 155.719, што во однос на октомври лани претставува зголемување за 12,6 отсто, односно за 9,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистик.
Кај бројот на домашни туристи статистиката во октомви годинава споредено со октомври лани регистрирала зголемување за 12,3 отсто, а кај странските од 12,8 отсто. Пораст од 13,5 проценти има кај бројот на ноќевања на домашните туристи, а од 6,4 проценти на ноќевањата на странските туристи. Во периодот јануари октомври годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за пет проценти, кај домашните за 5,3 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите десет месеци годинава бројот на ноќевања е зголемен за 2,7 отсто, кај домашните туристи за 3,7 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод