Европска унија и Куба потпишаа договор за нормализирање на односите – Договор за политички дијалог и соработка.
На церемонијата на потпишување во Брисел Договорот беше потпишан од високата претставничка за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез Париља.
– Првиот Договор меѓу ЕУ и Куба во историјата… предвидува засилен дијалог, подобра билатерална соработка и заеднички акции за билатерални прашања, соопшти претходно Советот на ЕУ.
Могерини наведе дека со Договорот ЕУ е подготвена да ја поддржи економската и социјална модернизација во Куба.
Преговорите за Договор за политички дијалог и соработка се одвиваа во седум кругови – од април 2014 до март 2016 година, Документот треба да биде одобрен од Европарламентот.
Досега Куба беше единствената јужноамериканска држава без договор за меѓународна соработка со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.