| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерка прегазена во Теарце

Осумнаесет годишната М.Ј. од Теарце вчера била прегазена на регионалниот пат Јажинце – Тетово, во Теарце.

Од СВР Тетово информираат дека во девојката околу 19 часот удрил автомобил „шкода фелиција“ со тетовски таблици, што го управувал 51-годишнииот И.С. од Одри.

-Во несреќата, М.Ј. задобила телесни повреди и со друго возило е пренесена и задржана во тетовската клиничка болница за натамошно лекување – стои во соопштението од СВР Тетово.

По извршениот увид се расветлува причината за несреќата и другите поединости.

Првично, причина е невнимателно преминување на коловозот, а материјалната штeта се проценува на 5.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top