| четврток, 6 декември 2018 |

Турци заинтересирани за туризам во Македонија

Туристичката понуда на Македонија деновиве беше промовирана пред 40.000 посетители на саемот за туризам во Измир, Турција.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која го организираше учеството, на саемот од 8 до 11 декември имаше преку 1.000 излагачи, а заинтересираноста за организирани тури во Македонија и Балканот беше огромна.

Претставници на Агенцијата остварија бројни состаноци со турски тур-оператори меѓу кои и Пронто тур, Еч тур, Фидес травел, Енка Татил, Ефесус травел, Италтур, Чакра тур, Травел ту бизнис и др.

133481899

Штандот на Македонија на кој соизложувачи беа Балканс тајм, Бадем тур, Ибегалис и Буши респрт и спа, го посетија турскиот министер за култура и туризам, Наби Авци и градоначалникот на Измир, Азиз Коцаоглу.

Според Агенцијата, турските туристи се главно повозрасни (40-65 години) и се заинтересирани за групно патување, додека помладите сакаат патувањето да им трае подолго и да го организираат по сопствена желба. Кога се во посета на Македонија и Балканот, Турците се заинтересирани за историја, култура и храна кои доаѓаат како резултат на блиската историја на овие две земји и желбата на Турците да ја истражат истата.

Поради фактот дека 2016 година е една од најслабите за Турција во поглед на туризмот со регистриран огромен пад во бројот на туристи, очекувањата на турските тур-оператори за 2017 година се насочени кон стабилизација, па и раст во бројот на туристи како и на интересот за патување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top