Младата левичарска партија, која се наметна како сериозна закана за СДСМ не освои пратенички мандат во Собранието, но покажа дека е сериозен политички субјект.
Ете. Помина и нашето „огнено крштевање“. Се боревме гладијаторски и со срце! Да не беше свесниот медиумски бојкот од „независните“, подлата бустирана хајка во последните денови пред молкот, инсинуациите од страна на навијачките новинари со џипови и инфилтрираните саботери на кои им се ветени функции од СДСМ – сега ќе го имавме клучниот пратеник за пад на режимот!
Вака ќе имаме продолжена агонија со концентрациона влада договорена уште во Пржино. Сè ова беше добро наштиман театар. Тоа, драги мои, е предавство на идеалите за кои се боревме на улиците, напиша Димитар Апасиев од Левица.
-Затоа, нашата Борба продолжува! Витешки, гордо и достоинствено. Со нови сили, на различни фронтови. За само неколку месеци постоење, воведовме нови стандарди во политичката дебата и аргументација. Краткорочно омаловажувани од „големите“, но долгорочно со страв од Левица како најбрзорастечка вонпарламентарна опозициска партија, која со секој изминат ден станува реална закана за привилегиите на естаблишментот.
Левица покажа дека не е создадена само за едни избори, туку за долги години и многу животи.
Подобар свет е неопходен. Подобар свет е можен!
Да сте ми живи и здрави. Сите. И оние кои нè сакате, и оние кои нè мразите, вели Апасиве, кој беше носител на листата во ИЕ 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст