Кристијано Роналдо не се најде на теренот за време на вчерашниот натпревар со Депортиво Ла Коруња, но и покрај тоа беше еден од луѓето кои им привлекоа најмногу внимание на камерманите и фоторепортерите, од едноставна причина што се најде во избрано друштво на трибините на „Сантијаго Бернабеу“.
Португалецот со навистина голема нервозна ги доживеа двата гола на Хоселу со кои Депортиво стигна до изненадувачки пресврт од 1-2, но сепак на крајот не го криеше огромното задоволство кога Рамос одново се покажа како херој во завршницата и погоди за 3-2.
Роналдо не остана рамнодушен на погодокот на својот капитен, па со стоечки овации и аплаузи го поздрави погодокот кој му донесе нова драматична победа на Реал оваа натпреварувачка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Капитенот на Шпанија го прослави голот со албанскиот орел?! (видео)
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
Хрват во навивачки жар го фрли каучот низ прозорец (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите