| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Доколку не победам тоа ќе значи крај на мојата политичка кариера

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев денеска гласаше во избирачко место број 1730 во СОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица.

По гласањето Заев оцени дека денеска се избира за напредна, слободна и единствена Македонија.

– Денес е историски ден за граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија. Ова денес е ден во кој што ќе се бира за живот, за иднината на нашата земја. Ова денес е ден на кој се бира за напредна, слободна и единствена Македонија. Прв чекор кон тоа е слободно изразена волја на граѓаните на Република Македонија. Се надевам дека и токму тоа денеска ќе се случи, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека „прво што ќе направи вечер е дека ќе прогласи победа, а доколку не победи тоа ќе значи крај на неговата политичка кариера“.

– Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, но не размислувам на оваа варијанта, зошто зрела е Македонија, животот се враќа и убеден суи дека победуваме. Веќе размуслуваме како да се втурнеме, да го подобриме и унапредиме животот и она што го ветивме пред граѓаните, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top