| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Елмаз Докле, еден од најголемите македонски активисти

elmaz-dokle-640x363Во 78-та година од животот синоќа ненајдејно почина Емаз Докле, еден од најголемите активисти и борец за правата на Македонците во Албанија.

Веста за неговата смрт ја објави електронското издание на единствениот весник на Македонците во Албанија „Илинден“.

– Елмаз Докле е роден на 19 август 1939 година во Борје, област Гора, каде завршил основно училиште. Од 1968 година до 1998 година работел како раководител на катастарот во областа во Кукс. Неговиот живот е поврзан со три места на живеење, Борје, Драч и Кукс. Во 2010 година ја објави книгата “Борје и Борјани” монографија која беше многу добро прифатена од страна на јавноста. Тој неодамна ја објави монографија “Стариот  Кукс” а зад себе остави многу други дела во ракопис за областа Гора и неговите Македонци од оваа област, пишува весникот.

Покрај неговата публицисктичка дејност Елмаз Докле, беше еден од основачите на македонското друштво „Гора“,кое се грижи за заштита на националниот идентитет, култура и историја на Македонците во оваа област, која опфаќа девет села распослани во северниот дел на Албанија.

– Заминувањето на Елмаз Докле е голема загуба како за неговото семејство, така и за македонската заедница во Република Албанија. Македонците во Гора загубија еден од најголемите поборници за остварување на нивните права, вели Никола Ѓурѓај,познат македонски публицист, новинар и претседател на македонсото друшво “Илинден“ со седиште во Тирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top