| четврток, 6 декември 2018 |

Обама нареди истрага за хакерскиот напад врз мејловите на Хилари Клинтон

Американскиот претседател Барак Обама нареди разузнавачките агенции да спроведат истрага за хакираните мејлови на Хилари Клинтон, кандидат на демократите за претседателските избори, и изрази загриженост поради можна вмешаност на Русија во тоа.

Советничката во Белата куќа Лиса Монако рече дека Обама наредил истрага и додаде дека извештајот ќе му биде предаден на Обама пред истекот на неговиот мандат во следниот месец. Таа не кажа дали извештајот ќе биде презентиран во јавноста.

За време на претседателската кампања, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп отфрли можност за руска вмешаност. Голем број демократи веруваат дека објавувањето на тие мејлови придонело за победата на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top