Ние во нашата програма која е реална и остварлива предвидуваме: отворање на 70 илјади нови работни места, 14.000 денари минимална плата до 2020-та година, за 10.25% зголемување на пензиите, не сметајќи го ова покачување кое го земаат пензионерите деновиве за ноенвриската пензија и исто толкаво зголемување на платите во јавниот сектор, 50% зголемување на социјална и постојана парична помош, 33 милиони евра за набавка за над 3.700 медицински апарати и опрема, 70 милиони евра за изградба на универзитетски клинички центар Мајка Тереза и 600 милиони евра поддршка на македонските земјоделци и руралните средини, се само дел од проектите кои се предвидени за во иднина, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски.
20 милиони евра годишна инвестиција во инфраструктура за македонските села секоја година, до 10.000 евра грантови за млади земјоделци, 78 нови училишни спортски сали низ Македонија, 140 нови детски градинки, нови автопати , 140 милиони евра за изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта, 580 нови станови за социјално ранливи категории на граѓани, проект за рестартирање на пропаднатите капацитети жртвите на транзицијата со кое ќе се помгне да се вратат фабриките кои беа затворени и опљачкани од страна на СДСМ, проект Рурални развојни зони, изградба на магистрални и регионални гасоводи во должина од 660 км, Купи куќа за млади и Купи куќа над 36 години, 101 милион евра финансиска линија за домашни компании и многу други проекти како што се купу куќа купи стан до 36 години и могу други кои можете да ги прочитате во нашата програма, рече Груевски.
За Прилеп и прилепчани во нашата програма Реално предвидуваме низа проекти кои ќе бидат од корист на сите граѓани на Прилеп. Ќе го реконструираме спортскиот центар Маркови Кули, со што ќе биде обновена спортската сала, отворениот базен, тениските терени, спортските игралишта и санација на фудбалскиот стадион и атлетската патека. Ќе ја обновиме спортската сала Македонија, во Прилеп ќе изградиме 5 нови баскет игралишта и 3 нови училишни спортски сали. Ќе изградиме нов експресен пат со 4 ленти од Градско преку Росоман до Дреново. Ќе набавиме вкупно 161 нов медицински апарат во здравствените установи во Прилеп. Ќе отвориме 2 детски градинки. Ќе започнеме со изградба на нов театар во Прилеп а и ќе го реконструираме Центарот за култура Марко Цепенков. и многу други работи кои верувам во деновите зад нас можевте да ги видите, истакна Груевски.
Тој исто така вети и дека овде во Прилеп денес има вкупно вработено 22.000 вработени од 13.000 во 2006 на 22.000 денес во 2016, а невработеноста е намалена за над 45 проценти, а во иднина ќе ја намалуваме уште повеќе со отварањето на новите 70.000 работни места, а дел од тие вработувања ќе бидат токму тука во Прилеп.
Сакам да ве навратам и на некои други работи кои мора да останат пред вашите очи пред да гласате…а се причина повеќе зошто опозицијата треба да се казни. Нивните насилни протести против полицијата на само 3 дена пред страшните настани во Диво Насеље. Кои беа еден вид предвесник на случувањата односно дел од пошироката политичка слика која некој сакаше да ја создаде и Искреира…сетете се на комуникацијата на спроведувачите на ова сценарио кои си кажуваа онака спокојно дека ќе имало крв…обидите да не закрват до даска, да го поделат народот за да може некој друг да владее со него, а не самиот да одлучува за сопствената држава…самите настани во Диво Насеље…се сеќавате на се, вие добро памтите, се сеќавате и на веста која ја пуштија дека некое 8 годишно девојче настрадало од оганот на полицијата, сакаа со тоа да го разгорат дополнително конфликтот, потоа испадна дека не само што нема невини жртви туку полицијата спаси илјадници невини жртви тогаш молчеа. а претходно збореа за девојчето…затоа мора да бидеме сите претпазливи утре и задутре, да бидеме одговорни и да не потпаѓаме на провокации, а институциите да си ги вршат своите обврски, и тука мислам на оние кои СДСМ ги контролира, потенцираше Груевски.
Сетете се на тензиите кои ги создаваа, на напнатоста, на излегувањата и враќањата во Парламентот, на уцените за договор, на одложувањето на агонијата и продолжувањето на кризата со одложување на изборите кое го правеа плашејќи се од тоа што ќе ги снајде во недела – огромен пораз на изборите…но веќе нема одлагање, дојде време да се даде одговор за крај на кризата, ние заедно со народот поминавме се и затоа ќе ставиме крај на сценариото. Во моментов стоиме исправени пред многу важна одлука, која за нашата генерација и за Република Македонија има референдумско значење. Од тоа каков став ќе заземеме сега ќе зависи каква иднина ќе имаат и во каква држава ќе живеат нашите деца и внуци, генерациите Македонци и граѓани на оваа земја кои ќе дојдат после нас, рече Груевски.
На овие парламентарни избори кои се пред нас секој од вас треба да се праша самиот Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и програма, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, субвенции, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнеме назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро. Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави.Ако веруваш во Македонија твојот избор е јасен! Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза во недела на 11-ти декември да ја затвориме и да ја претвориме во една можност. Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука, изјави Груевски.
Тој исто така рече и дека е свесен дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии