Седумдесет илјади нови работни места, 14.000 денари минимална плата до 2020-та година, за 10,25 проценти зголемување на пензиите и на платите во јавниот сектор, 50 проценти повисока социјална и постојана парична помош, предвидуваме во нашата програма која е реална и остварлива.
Тоа го истакна вечерва на митинот во Прилеп на коалицијата „За подобра Македонија“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во Изборната единица 4 Никола Груевски.
Посочи дека со програмата се предвидени 33 милиони евра за набавка за над 3.700 медицински апарати и опрема, 70 милиони евра за изградба на универзитетски клинички центар Мајка Тереза, 600 милиони евра поддршка на земјоделците и руралните средини, 20 милиони евра годишна инвестиција во инфраструктура за македонските села, до 10.000 евра грантови за млади земјоделци. Истакна дека планираат изградба на 78 нови училишни спортски сали, 140 нови детски градинки, нови автопати, како и да се инвестираат 140 милиони евра за изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта.
Дел од програната, како што рече, се и 580 нови станови за социјално ранливи категории граѓани, како и проекти за рестартирање на пропаднатите капацитети жртви на транзицијата, „Рурални развојни зони“, „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа над 36 години“, 101 милион евра финансиска линија за домашни компании. …
Во програмата „Реално“, според Груевски, се предвидени низа проекти кои од корист на сите жители на Прилеп. – Ќе го реконструираме спортскиот центар Маркови Кули, со што ќе биде обновена спортската сала, отворениот базен, тениските терени, спортските игралишта и санација на фудбалскиот стадион и атлетската патека. Ќе ја обновиме спортската сала Македонија, во Прилеп ќе изградиме пет нови баскет игралишта и три нови училишни спортски сали, рече Груевски.
Тој најави и изградба на нов експресен пат со четири ленти од Градско преку Росоман до Дреново, набавка на 161 нов медицински апарат во здравствените установи во Прилеп и отворање две градинки.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вети и изградба на нов театар во Прилеп, како и реконструкција на Центарот за култура Марко Цепенков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии