| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот на патот Делчево-Штип

Сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Штип од 19:20 часот вечерва е нормализиран во двата правци, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Товарното моторно возило кое беше излетано од патот кај надвозникот во Облешево е извлечено, а сообраќајот е целосно оспособен за сите видови моторни возила.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top