| четврток, 6 декември 2018 |

Неопределените Заев и Шекеринска тврдат: „Ќе гласаме за СДСМ и СДСМ сигурно ќе победи“

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска го искажа своето уверување дека опозицијата има шанса да победи на престојните парламентарни избори доколку успее да се избори за гласот на неопределените луѓе како што е самиот тој.

Според него, досегашните анкети покажале дека токму неопределените пак ќе го одлучуваат победникот и на овие избори, и токму тука е шансата на опозицијата, имајќи предвид дека тој и другите неопределени гласачи има големи шанси на денот на избори да одлучат да гласаат за СДСМ.

Значи, јас како неопределен верувам дека сум убеден дека СДСМ триумфално ќе помине на изборите бидејќи иако заостанува во рејтингот зад ВМРО-ДПМНЕ со некои меѓу 50 до само 160 илјади гласа, ние неопределените, меѓу кои сум и јас и Радмила Шекеринска, Шилегов и другите, сите ние ќе гласаме за СДСМ најверојатно, па заедно сплотени ќе го одлучиме победникот на изборите – изјави Заев.
Новинарите зачудено го прашаа Зоран Заев како е можно да е неопределен иако е лидер на опозицијата, на што Заев одговори:

Еве вака. Зоран Заев е неопределен, значи никој не ме определил да бидам лидер на опозицијата и да донесам живот во Македонија. Туку ме црпнал. Така да не гледам тука проблем да сум неопределен туку црпнат и лидер на опозицијата. Еве и Радмила е неопределена бидејќи никој не определил тоа да си го изнајмува стано со сопруго за 5 илјаде евра туку она е сама избрала да е така. Петре, пак, е неопределен дали он бил повесел од Оливер Спасовски на митинго голем што беше во Скопје или пак расположението на Спасовски беше неопределено најголемо – вели неопределениот Заев.

Плус причина плус за да стане појасно дека Зоран Заев е тој што го водеше овој процес како неопределен е што прво сум неопределен дали сум градоначалник на Струмица каде што, фала богу, евро по евро има живот, или сум одбран да ги вратам младите, да ги запрам болестите и да најдам нафта во Македонија. А, исто така, додека сме кај Струмица сум неопределен дали е подобар методо евро во црквата, евро за Вицето или методо дај две евра кај Вицето црквата и онака има парички – убедливо поентираше на тема неопределеност Заев.

Победата на СДСМ никогаш не изгледала поизвесно – вели тој. Сега каа се собрааме толку неопределени кои ќе гласаме за СДСМ, а анкетите си го кажуват своето – дека неопределените се многу, сигурен сум дека ќе победиме ние неопределените од СДСМ. Ако не победиме, нема проблем, па нема да си ги признајме изборите бидејќи не е можно ние да не победејме – одлучен е лидерот на опозицијата.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top