| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре почнува изградбата на ветерни електрани кај Богданци

Паркот на ветерниците кај Богданци, проект на државната енергетска компанија Електрани на Македонија, од утре официјално ќе почне со изградба. Проектот предвидува подигање на 16 турбини кои треба на земјава треба да и обезбедат дополнително количесто електрична енергија од 100 гига ват часови годишно што претставува околу 2 отсто од вкупното годишно производство на струја во Македонија.

Проектот чини 55 милиони евра, од кои 22,6 милиони евра се средства на ЕЛЕМ, а останатите се добиени преку кредит од германската КФВ банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top